Знам дека каснам со прегледот за овој оперативен систем иако е сеуште во изработка, мислам дека некои се немаат запознаено со него.
Прво би почнал со инсталацијата и стартувањето на оперативниот систем, додека потоа би го кажал своето мислење.
За да го инсталираме овој оперативен систем потребно ни е едно усб од 4 гб и биос кој подржува да бутираме од усб (иако повекето биоси ја имаат оваа подршка). Доколку неможете да се снајдете со биосот можете слободно ф8 или ф12 од вашата тастатура и да си одберете преку што сакате да го бутирате вашиот компјутер.Да не заборавиме дека оперативниот систем ке го инсталираме на УСБ, и секако ке го бутираме од него.
Следен чекор е да ги симнете сите потребни фајлови за Хромиум оперативниот систем.Кликнете на “Хромиум ОС” и ке го симнете потребниот торент фајл со сите потребни фајлови.
Линк: Хромиум ОС
Откако ке го симнете оперативниот систем фајлот под име chromium_os_usb, наредно ке треба да го екстрактирате овој фајл со некој од програмчињата како Win Rar (наједноставен за користење).
Откако ке го направите горенаведеното следниот чекот ке треба да го стартувате фајлот со име Win32DiskImager, откако ке го кликнете тоа ке ви покаже грешка но сепак без нервози тоа е бидејки бара флопи драјв и затоа кликнете ОК и игнорирајте го.
Откако ке кликнете ОК, ке го добиете следниот прозорец

Во делот Image File, ке ја внесете локацијата на имејџот во нашиот случај тоа е фајлот (chrome_os.img). Додека во делот Device ја внесувате локацијата на Усб драјвот. Откако ке го наместите ова слободно клик на Write. Ке почекате околу 5 минути за сите фајлови да се заипшат на Усб – то. Откако ке заврши тоа слободно изгасете го програмчето Win 32 Disk Imager и рестартирајте го вашиот компјутер.
Изберете ф8 или ф12 и изберете го вашето усб за стартување на Хромиум Оперативниот систем. Јас почекав пола минута и ми се прикажа следново

Во делот username внесувате : chronos додека во делот password : password и го добивате следното

Откако ке се логирате ке го добиете следниот прозорец :

Доколку ви пишува could not find the page, вие едноставно немате срека
и Хромиум оперативниот систем не ја подржува вашата мрежна картичка ( иако имам постар компјутер и мрежна картичка мислам дека повекето ги подржува) .
Со ова вие имате стартувано Хромиум Оперативен систем од вашето усб.
Исто така имате и друг таб каде што ги имате следниве апликации :

Како што ги кликате овие иконки ве носат на различен сајт, со ова би се запрашале Има ли нешто инсталирано тука ?
Се е во облак, значи нема ништо инсталирано затоа ве пренасочува на различни веб страни.
Како што ги кликнував иконките повекето не работеа
, додека некои од нив ве носеа на одредена страна за да се логирам со моето корисничко име и лозинка.
Заклучок :
Оперативниот систем се стартуваше брзо, но сепак работата на пребарувачот одеше многу споро
.
Изгледот ми се допадна бидејки го немаш стандарното вин – старт мени и стандарниот Мај Компутер или Кантичката за губре
. Мислењето според мене ако Google се потруди мислам дека може да направи оперативен систем со кој сите би се откачиле од Виндоуссссс !!!
Но секако ке видиме како ке се покажува работата на Google во иднина и ке видиме што ке добиеме .
Доколку некој го прочита некој овој пост слободно може да го сподели своето искуство и знаење околу овој Оперативен систем .
Во овој пост искористив од постот на страната makeuseof.com
Ви Блодарам на Издвоеното Време .
